Секоја втора фирма во Скопје има идеја за апликација. Малку од нив стигнуваат до App Store, а уште помалку до корисници што ја отвораат по втор пат. Проблемот ретко е во програмирањето. Проблемот е што се почнува да се гради пред да се знае точно што се гради.
Затоа нашата работа почнува со пишана спецификација: кои екрани, кој ги користи, што прави секој екран, што е задолжително за прва верзија, а што може да чека. Дури кога тоа е напишано и одобрено, даваме цена и рок. Така знаеш што добиваш пред некој да отвори едитор.
Што градиме
Апликации за клиенти. Закажување термини, нарачки, програма за лојалност, картичка за членство, каталог со производи. Апликации што твоите клиенти ги користат за да купуваат или закажуваат побрзо.
Внатрешни алатки. Апликации за теренски тимови, евиденција на работни налози, инвентар, магацин, известувања за вработени. Работи што денес се водат на хартија или во Excel табела што само еден човек ја разбира.
Апликации поврзани со постоечки систем. Кога веќе имаш програма за фактурирање, веб продавница или CRM, апликацијата се поврзува со нив наместо да ги дуплира.
Административен панел. Секоја апликација има и веб панел каде ти ги менуваш цените, содржината и корисниците, без да бараш програмер за секоја промена.
Како работиме
1. Разговор и спецификација. Слушаме што треба да реши апликацијата, кој ја користи и што е најважно. Од тоа пишуваме документ со екрани, функции и приоритети. Тој документ е твој, дури и ако не продолжиш со нас.
2. Дизајн на екрани. Пред програмирањето ги цртаме екраните и ги поминуваме со тебе. Промена на дизајн е евтина, промена на готов код е скапа.
3. Изработка во фази. Градиме во кратки циклуси и после секој ти покажуваме нешто што работи на твој телефон, наместо да чекаш месеци за конечната верзија.
4. Тестирање и објавување. Ја тестираме апликацијата на реални уреди, ја објавуваме на App Store и Google Play и ги средуваме сите барања на двете продавници.
5. Одржување. Оперативните системи се менуваат секоја година. Нудиме договор за одржување, но не е задолжителен — кодот е твој и можеш да го однесеш каде сакаш.
Фиксна цена, не часови
Не работиме на час без крај. По спецификацијата добиваш фиксна цена и рок за договорениот опсег. Ако во текот на работата сакаш нешто ново, тоа го пишуваме како дополнување со своја цена, пред да го работиме.
Така и двете страни знаат каде се. Ти знаеш колку ќе платиш, ние знаеме што треба да испорачаме.
Прво веб, па мобилна?
Многу проекти е попаметно да почнат како веб апликација. Работи на секој телефон без инсталирање, се прави побрзо, чини помалку и не бара одобрување од Apple и Google. Кога ќе се види дека луѓето ја користат, мобилната верзија се гради врз истата основа.
Кога предлагаме веб наместо мобилна апликација, тоа не е за да продадеме помалку. Тоа е за да не платиш за нешто што уште не знаеш дали ти треба. Повеќе за тоа колку чини добра веб основа пишуваме во текстот колку чини изработка на веб страна.
Кодот и сметките се твои
По завршување добиваш целиот изворен код, документацијата и пристапите до сметките во App Store и Google Play, отворени на твоја фирма. Не си заклучен кај нас. Ако утре сакаш друг тим да продолжи, може.
Со кого работиме
Правиме апликации за бизниси во Скопје и низ Македонија, како и за клиенти во Европа и САД преку нашата американска фирма. Разговорот и документацијата се на македонски, албански или англиски.
Опиши ни ја идејата во неколку реченици на разговор од 20 минути. Ќе ти кажеме дали има смисла мобилна апликација, веб апликација или нешто уште поедноставно, и колку отприлика би чинело пред да потпишеш било што.
Често поставувани прашања
Колку чини изработка на мобилна апликација?
Зависи од тоа колку екрани има, дали има најава на корисници, плаќање, известувања, поврзување со постоечки систем и административен панел. Затоа прво пишуваме спецификација, па давамe фиксна цена. Паушална цена без спецификација не значи ништо.
Дали правите апликации и за iOS и за Android?
Да. Најчесто со еден код за двете платформи, што ја намалува цената и одржувањето. Кога проектот бара нешто специфично за едната платформа, тоа го наведуваме во спецификацијата.
Колку трае изработката?
Едноставна апликација со неколку екрани трае неколку недели. Апликација со корисници, плаќање и админ панел трае неколку месеци. Рокот го пишуваме во понудата заедно со цената.
Чиј е кодот?
Твој. По завршување и исплата го добиваш целиот изворен код, пристапите до сметките во App Store и Google Play и документацијата.
Што ако ми треба само веб апликација?
Често тоа е подобар почеток. Веб апликацијата работи на секој телефон без инсталирање, се прави побрзо и чини помалку. Ако подоцна се покаже потреба, мобилната верзија се гради врз истата основа.